Ердоган му постави ултиматум на Асад

420

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постави ултиматум до Башар ал Асад, да ги повлече своите воени сили зад линијата на турските набљудувачки места и порача дека за тоа има уште малку време, пренесува „Раша тудеј“. Рокот, како што рекол, истекува на крајот од месецов.

– Не сакаме да отстапиме во Идлиб. Ние не сме гости во ова царство, ние сме домаќини – рекол Ердоган на состанокот на својата партија АК.

Тој ветил дека ќе ги донесе до крајот нападите на режимот, нагласувајќи дека Анкара му дала на Дамаск уште малку време да ги повлече силите од турските набљудувачки места, но како што рекол, тоа време истекува на крајот од месецов.

Ердоган истакнал дека ќе се обиде да обезбеди поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп пред да стане опасно во Идлиб, но дека сѐ уште нема поддршка.