Грчки медиуми: На 12 април нова средба Димитров – Коѕијас

563

Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на 12 април ќе остварат нова средба повторно во Скопје, објавија грчките медиуми.

Извори од македонското МНР, велат дека се уште не е одреден термин за нова средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Грчките медиуми коментираат дека следната седмица ќе биде клучна за преговорите, а во тие рамки ја вклучуваат и новата средба на двајцата министри.

– На 12-ти месецов се очекува да се сретнат во Скопје двајцата министри, според сигурни извори. Да потсетиме дека господинот Коѕијас рече дека на следната средба веројатно и да се направи големиот чекор – објави грчката ТВ Алфа.

Во саботата, медиумите во Грција, само неколку часа по завршувањето на разговорите во Виена, повикувајќи се на свои извори, пишуваа дека преговорите продолжуваат веднаш по Велигден, со средба на шефовите на двете дипломатии, а доколку постои напредок во разговорите, не е исклучена можноста да се одржи нова средба и на двајцата премиери.