„Грчкиот парадокс“ го зафати Западот

340

Западот е зафатен од незабележана институционална криза која би можела да биде окарактеризирана како „грчки парадокс“, пишува „Катимерини“.

САД се предводени од претседател чии методи за носење одлуки се нејасни. Доналд Трамп е постојано непостојан. Тој провоцира тензии со традиционалните американски сојузници и има изливи на гнев кон медиумите и институционалните лидери, опишувајќи ги како „непријатели на државата“.

Во меѓувреме, и се восхитувавме на Велика Британија поради нејзините институции, предвидливоста и почитта кон традицијата. Но, во изминатите неколку години Обединетото Кралство е опфатено од ескалирачка криза под водството на естаблишментот на елитата. Развојот на настаните во Британија е длабоко разочарувачки. 

Кога станува збор за Италија, таа всушност не претставуваше пример за восхит, во поглед на стабилноста и нејзините политичари. Но оваа држава сега се соочува со неизвесност откако нејзините политичари наликуваат на учесници на реалните шоу програми кои со години ги преплавуваат италијанските телевизии. А се чини дека ниту еден политичар ја нема потребната сила за да ја извлече Италија од сегашната состојба. 

– Кога ќе се погледнат овие прилики, може да се почувствува олеснување за сегашната ситуација во Грција. Избравме нормална влада, давајќи и силен четиригодишен мандат. Грција очигледно не е здодевна, предвидлива држава, но се чини дека е на вистинската патека. Дали созреавме побргу од западните партнери? Не постои јасен одговор, но импресивно е што Грција се врати во политичка нормала додека повеќе западни држави се опфатени од состојба на политичка аномалија – се заклучува во колумната на „Катимерини“.