Грција поразена од Македонија

543

Македонската ракометна репрезентација со 27-23 извојува победа во последниот меч од квалификациите за ЕП 2020 година против Грција во Струмица.

Капитенот Лазаров со шест погодоци беше прв стрелец, додека Пешевски и Талески имаа по пет. Митревски блескаше на голот со 13 одбрани. И чуварот на мрежата на Грција, Буковинас имаше двоцифрен број на интервенции (13) со кои ја спречи Македонија со повисока разлика да се радува на крај.

Македонија го освои првото место во групата, со 9 бода, Исланд, кој ја победи Турција е втор со 8, а Турците со четири бода, ќе ја чекаат разврската во другите групи за да видат дали се една од четирите третопласирани кои ќе одат на ЕП.