Граѓаните се упатија кон резиденцијата на Лукашенко, полицијата подготви водени топови

300

Полицијата уапси 125 учесници на антивладиниот протест во Минск, соопшти портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, Олга Чемоданова.

ТАСС додава дека илјадници демонстранти се упатиле кон резиденцијата на претседателот Александар Лукашенко во центарот на Минск, поради што полицијата и армијата ги засилиле мерките за заштита. Полициски возила ги блокирале влезовите во резиденцијата.Полицијата запрела и неколку илјади луѓе на Авенијата за независност во белоруската престолнина, каде се одржува протест.

Според ТАСС, на безбедносните сили им било наредено да започнат да се движат кон демонстрантите. Водени топови биле насочени кон учесниците на протестот.

Масовните протести започнаа ширум Белорусија на 9 август, по претседателските избори, на кои, според официјалните резултати, победи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Опозицијата тврди дека изборите биле наместени и дека победила Светлана Тихановска.