Голем број новинари во исчекување на Ципрас

224
Фото: Игор Бансколиев/Голем број на новинари ќе ја следат посетата на Ципрас

Историската посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, побуди голем интерес кај голема група новинари и медиуми, кои се во исчекување на премиерот во прес центарот на Владата.

Алексис Ципрас е првиот премиер на Грција што ќе ја посети земјава.

Грчкиот премиер за време на посетата на Скопје ќе има разговори со премиерот Зоран Заев.  Официјалниот пречек на Ципрас со државни и воени почести ќе биде на платото пред Владата. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.