Во Бразил над 35 илјади нови случаи

61

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент.

Од почетокот на пандемијата се заразиле 1.839.850 луѓе, соопшти министерството за здравство. Досега починале 71.469 луѓе.

Мишел Болсонаро, сопругата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со коронавирус, рекла дека таа и нејзините две ќерки направиле тест и се негативни.

Претседателот Болсонаро во вторникот објави дека е позитивен на ковид-19. Тој рече дека е во изолација и дека зема хидроксиклорокин, лек, кој не е докажан да помага кај ковид-19.