Венко Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

1381

Венко Филипче денеска на својот профил на „Фејсбук“ го демантираше Реисот Сулејман Реџепи дека вирусот бил мртов. Ниту е мртов, ниту е заминат, напиша Филипче.

„Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат. Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките.“, напиша Филипче.