Вардар повторно против Ѓер во големото европско финале

2396

Вицешампионите на Европа, ракометарките на Вардар ќе играат во утрешното големо финале во годинешнава Лига на шампионите (ЛШ), против домашниот претставник, унгарски Ѓер, откако попладнево во вториот полуфинален натпревар во салата „Ласло Пап“ во Будимпешта (Унгарија), го совладаа рускиот првак и дебитант на завршниот фајналфор, руски Ростов со 25-19.

За црвено-црните ова е петто учество на завршен фајналфор во ЛШ, а втор настап во низа во финалето, но и реприза од ланското, каде загубија токму од годинашниов финалист Ѓер (30-31), дури по продолжението, иако го има последниот напад за победа во регуларниот дел.

Вардар го доби првиото полувреме со 10-7 во кое беа постигнат малку голови. Вардар поведе со 4-1, а потоа 17 минути не прими, но и цели осум минути не реализираше. Во 18-та минута беше 6-3 за скопјнките, а најголемата разлика од четири гола, вардарки ја остварија во два наврати, кога поведоа со 8-4 со голот на Сара Ристовска и 9-5 со погодокот на Андреа Пенезиќ. Оваа предност во најголема мерка беше заслуга на голманаката на Вардар, Амандин Лејно, која бранеше феноменално, нанижувајќи 10 одбрани.

Во вториот дел Вардар беше многу поубедлив. Предноста постојано ја одржуваше, а на два пати поведе и со плус шест гола разлика, во 41-та минута (15-9) преку Пенезиќ и во 59-та (25-19), преку Лекиќ, што беше и конечен резултат на средбата. Во последната минута Ина Сусулина одбрани удар од седум метри што беше втор во вториот дел. Лејно и во второто полувреме беше одлична пред сопствемнта мрежа, забележувајќи вкупно 16 одбрани.

Најефикасни кај Вардар беа бековите Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ со по седум гола. Кај Ростов пак, најпрезина беше Катерина Илина со пет погодоци.

Во натпреварот за третото место (15.15 ч.) утре ќе играат поразените екипи Ростов и Букурешт, додека финалниот натпревар е закажан во 18 часот.

Г.И.