Вардар го совлада Кил, гол предност за реваншот во Скопје

942

Ракометарите на Вардар славеа со еден гол разлика 28-29(12-14) на гостувањето кај Кил во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а решавачкиот гол со звукот на сирената го постигна Хорхе Македа.

По пет гола постигнаа Стоилов, Чупиќ и Мораеш, додека Дибиров застана на четири гола. Арпад Штербик забележа 10 интевенции.

Кај германскиот тим, Вујин, Екберг и Билјик постигнаа по четири гола. 

Реваншот се игра на 29 април во СЦ „Јане Сандански“.