Бугарија ѝ предложила на Македонија акционен план за спроведување на Договорот

1575

Вицепремиерот Екатерина Захариева го прими специјалниот пратеник на Владата на Република Македонија Владо Бучковски, кој е во работна посета на Бугарија, пренесува БГНЕС повикувајќи се на информации од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Република Бугарија предложила акционен план за соработка со Република Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се вели во информацијата којашто ја објави БГНЕС.