Брнабиќ и Заев го означуваат почетокот на заедничкото гранично управување

900
Фото: Игор Бансколиев

Премиерот Зоран Заев, денеска ќе биде домаќин на делегација од Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ, чија посета на Македонија ќе започне со отворање на проектот за заедничко гранично управување на преминот Табановце-Прешево.

Помалку контроли и царинење, како и забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства ќе овозможи концептот познат како „One stop shop“. Со едно застанување на заедничка испостава се очекува двојно да се намали времето на чекање.

Според српската влада, по отворањето на граничниот премин, Брнабиќ ќе разговара со македонскиот премиер во Скопје, а предвидена е и средба меѓу делегации на двете држави и потпишување на неколку договори за соработка.

Српската премиерка ќе оствари средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски.