Британија ќе излезе од ЕУ на ноќта на вештерките?

72

Поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката, Тереза Меј, вети дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, со или без договор со Унијата.

– Моето ветување е дека ќе излеземе од ЕУ на ноќта на вештерките на 31 октомври – изјави Џонсон за „Би-би-си“.

Џонсон и британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант ќе се борат за функцијата британски премиер и лидер на британската Конзервативна партија.