Американската компанија „Дура“ почнува со изградба на фабрика во Бунарџик

145

Во Технолошко инудстриската зона кај Скопје фрнрдкс ќе почне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура“. Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.
 
Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговорајќи на новинарски прашања во саботата вечер во Велес на прослава по повод поканата за членство во НАТО. 
 
– Во последните седум-осум 16 странски инвестиции потпишаа договорза влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, којашто во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција,таа инвестиција е на инвеститорите. Ние само им помагаме тие да дојдат и ги охрабруваме со се што можеме како администрација тоа да го направат. Затоа ние не сакаме да сечеме ленти да фрламе лопати, ние ќе ги поздравиме и ќе им посакаме многу среќа, но ќе им овозможиме тие да доаѓаат – истакна Анѓушев и додаде дека Владта ќе овозможи тие да доаѓаат. 
 
Тој потенцира дека ако во последните седум-осум години во Македонија се направени 20 такви инвестиции, сега за 10 месеци отпочнати се 16 при што, како што рече, не потрошивме пари за маркетинг и се надевам дека граѓаните ќе можат да ја направат разликата.