Американската војска го забрани знамето на Конфедерацијата

267

Знамето на Конфедерацијата повеќе не смее да се истакнува во просториите на американската војска откако Пентагон објави нови правила со кои се забрануваат „симболи на поделбата“, објави Би-Би-Си.

Конфедерацијата се состоеше од јужните сојузни држави кои се бореа против укинувањето на ропството во американската граѓанска војна.

Неодамнешните анти-расни протести ги обновија повиците за забрана за знамиња на Конфедерацијата низ САД.

Министерот за одбрана, Марк Сепсер, кажа дека дека армијата е охрабрена да го истакнува главното американско знаме. Другите знамиња „мора да бидат во согласност со воените императиви на редот и дисциплината, да го почитуваат достоинството на сите луѓе и да ги отфрлат симболите на поделба“.