Александар Вучиќ: Северна Македонија ѝ се додворува на Германија

2741

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека Северна Македонија направила сè за да ѝ се додвори на Германија како најмоќна сила во Европската Унија, пренесе „Б92“.

Вучиќ за ТВ „Прва“ рекол дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски го замолил Северна Македонија да не се изјаснува за Косово.

„Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате“, рекол Вучиќ.

„Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците“, рекол српскиот претседател.