Корисници на средства од последниот Јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој ќе бидат 69 компании кои самите учествуваат со вкупен износ од 10 милиони евра, а Фондот учествува со 4 милиони евра.

– Во рамките на овој повик, во вкупен износ од 14 милиони евра, со 4 милиони учествува ФИТР, додека приватниот сектор со 10 милиони евра. На овој јавен повик се поддржани 69 компании кои се подготвени со нашата минимална поддршка да инвестираат во економијата и во економското заздравување на државата – рече директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на денешната прес-конференција.

Деспотовски нагласи дека во најголем процент поддржани се се микро и мали компании, додека само 2 отсто од нив се големи компании.

– Ова покажува дека имаме домашни компании кои и во услови на криза се подготвени да инвестираат во прилагодување и развој, а со тоа и во побрзо заздравување на домашната економија. Побрзо надминување на кризата не само за вработените во овие компании, туку за сите наши сограѓани – изјави Деспотовски.

Од вкупно 69 компании, 36 се поддржани во редовна 33 се од скратена постапка. Меѓу нив 38 компании се компании кои се јавуваат по втор пат, a според Деспотовски очигледно се развива култура на упорност и овие компании покажуваат дека имаaт доверба во Фондот за инвестициски развој.

Од одобрените инвестициски проекти, најголем дел 11 се во областа на медицината и здравството, што покажува дека државата и приватниот сектор сега вложуваат во зајакнување на капацитетите за справување со последиците од кризата и подготвеност во иднина.

Половина од апликантите се од Скопје. Во структурата на управители-апликанти има мал број на жени.

– Верувам дека жените се поподготвени за преземање на деловни ризици, но во овој момент само 29 се жени. Се надевам дека во иднина ќе бидат охрабрени повеќе – рече Деспотовски.