Просечната месечна исплатена нето-плата во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули ланската година, соопшти СДСМ.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во повеќе сектори. Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Приближувањето на Северна Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари до крајот на мандатот -се вели во партиското соопштение.