Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот монетарен фонд за централна и источна Европа, Надим Илахи.

Тој говорејќи за финансиската стабилност и економскиот раст на Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи во Бечичи, рекол дека пред се е потребно да се унапреди и деловното опкружување, бидејќи Унгарија, Полска и Словачка постигнале успех благодарение на тоа.

– Големо ограничување за регионот на Западен Балкан е слабата инфраструктура што ги одбива инвеститорите да вложуваат, зошто патиштата се лоши и има многу гранични премини – рекол Илахи.

Според него, клучно е прашањето што регионот поминува низ емографски промени и што се намалува работно способното население, поради помалиот прираст и иселувањето на младото и образовано населние, а што пак негативно влијае на економскиот раст.