Извршителите од денеска се враќаат на работа по вонредната состојба во Македонија и пролонгирањето на присилната наплата за уште 30 дена.

Извршителите се подготвени да почнат со својата редовна работа, според Комората на извршители, која примаше барања за извршување и ги подготвуваше предметите.

Со тоа продолжува присилната наплата на долговите на граѓаните и блокирање на банкарските сметки.