фото: Пикслес

САД и нивните сојузници блокираа или замрзнаа повеќе од 330 милијарди долари руски средства од почетокот на војната во Украина, соопшти американското Министерство за финансии.

Западните сојузници блокираа 30 милијарди долари имот на руски олигарси и „замрзнаа“ околу 300 милијарди долари на Руската централна банка. Освен тоа, запленети се најмалку пет луксузни јахти и недвижности што припаѓаат или се под контрола на руски државјани под санкции, тоа го соопшти работната група „Репо“, формирана на 17 март со цел да се засили економскиот притисок врз Русија.

Групата е составена од членови на Министерството за финансии и правда на САД, како и од Австралија, Франција, Канада, Германија, Јапонија, Италија, Велика Британија и ЕК.