Фото: Пиксабеј

Индија го забрани извозот на пченица и таа одлука на државата стапи на сила доцна синоќа, соопшти владата во Њу Делхи.

Вториот по големина производител на пченица во светот се обидува да ја намали цената на локалниот пазар. Испораките на пченица се дозволени само во случаи кога продажбата била одобрена претходно, додаде владата, објави „Ројтерс“.

Откупувачите од целиот свет се свртеа кон Индија за откуп на пченица, откако беше прекинет извозот на пченица од Украина по рускиот напад.

Зголемување на цените на пченицата и нов максимум, како и пад на цените на сојата и пченката, го одбележаа тргувањето на Новосадската берза за производи оваа недела.