Фото: Влада

Владата донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите.

Мерките се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории…

– Предизвиците пред нас се огромни. во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска криза која Европа и светот ја паметат во поново време. На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на воената агресија на Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега. Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата.

Одговорноста на сите политички партии е да го поддржат овој пакет на економски мерки, што тежат 400 милиони евра, порача премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека дел од мерките и препораките, особено во делот на акцизата, во делот на ДДВ-то треба да се направат измени во законите за акцизата и за ДДВ, а тие, како што рече, веднаш ќе бидат пратени во Собранието.

– Сите пратеници, без исклучок од која политичка партија доаѓаат имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале и пред сите граѓаните во државата – рече меѓу другото Ковачевски.

Премиерот содаде дека ова не се само еднострани мерки, што се однесуваат само на акциза или на ДДВ, туку се однесувааат и на поддршка на граѓаните од најранливите категории, на поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.

Истакна дека се наоѓаме во најголемата економска повоена криза во Европа и истакна дека ова ќе биде тешка година, но, истакна, со добри политики ќе ја премостиме