Фото: МИА

Договорените количества пченица и пченка за извоз во земјите од регионот пред неговата забрана, ќе се реализираат во најбрз можен рок, се наведува денеска на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија.

Врз основа на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Белград беше организирана средба на министрите за земјоделство на двете земји Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца.

– Договорените количества пченица и пченка, пред забраната за извоз, ќе се реализираат во најбрз можен рок – соопшти српското Министерство за земјоделство.

Во соопштението се додава дека земјите од иницијативата „Отворен Балкан“, како и другите соседни земји, можат да сметаат на Србија како доверлив партнер во време на големи предизвици во прехранбениот сектор.