Фото: Маја Јаневска-Илиева

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

– Процесот е почнат, околу 2.000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отворен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат – рече Ниоловски.

Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обезбедување доволно суровини и производи стратешки за државата.