Од 1 до 3 јули во Дојран, по 12-ти пат се одржа музичкиот фестивал „Д Фестивал“, на кој учествуваа многубројни реномирани домашни и светски музички имиња, а Шпаркасе Банка во согласност со својата стратегија за корпоративна општествена одговорност беше поддржувач на фестивалот во рамките на платформата „Sparkasse Life“.

За време на фестивалскиот викенд, тимот на Шпаркасе Банка имаше можност да ја почувствува убавата фестивалска енергија и атмосфера, но и да се дружи со посетителите на фестивалот во забавниот „Sparkasse Life“ корнер и да им ја пренесе силната порака да веруваат во себе и во своите креативни способности, да се надградуваат и да ја движат заедницата напред. Токму Банката, свесна за значењето на музичките настани како овој врз целокупниот културен живот во нашата земја, но и препознавајќи ја потребата од поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава, ја креираше платформата „Sparkasse Life“.

Преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка интензивно ќе поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и на тој начин силно ќе ги бодри младите луѓе, кои се иднината на оваа земја.

Јули е во знакот на „Sparkasse Life“, па освен „Д Фестивал“, Шпаркасе Банка ќе даде поддршка и на уште две значајни културни манифестации: Фестивалот на европски филм Cinedays, што ќе се одржи од 7 до 14 јули, и фестивалот Охридско лето, кој ќе се одржи од 12 јули до 20 август во Охрид.

Освен активности поврзани со музика, концерти, културни настани и развој на уметноста, платформата „Sparkasse Life“ вклучува и активности поврзани со заштита на животната средина, спортски настани, промоција на навики за водење здрав живот и поддршка на спортот и младите таленти. Понатаму, содржани се сите сегменти што се од најразлични области на живеење, а се однесуваат на образование, здравство, ранливи и маргинализирани групи, како и донациите и активностите во сите споменати области.

Банката останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, па затоа ги охрабрува сите да бидат мотивирани и секогаш да посакуваат нешто подобро за себе, да бараат додадена вредност и квалитетна услуга и секогаш мудро да одбираат! Да веруваат во себе затоа што имаат банка што верува во нив.

Комерцијална објава