Фото: МИА

Организацијата за товарење и испорака на српско масло за јадење во земјава би требало да почне денеска, информираат за МИА од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Србија во петокот ја донесе одлуката за извоз на масло за јадење во Македонија. Како што соопшти тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се работи за два милиони литри масло.

Според него, овие количини се за потребите од еден месец, но доколку се процени дека има потреба, можно е да се реализира дополнителен увоз.

– Можно е доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана – рече министерот.