„Ria Money Transfer“ е единствена компанија за брз трансфер на пари во Македонија што ја укина провизијата за сите уплати кон Австралија до крајот на месецов, во знак на солидарност со настраданите и погодените од тамошните пожари.

Ваква хумана акција за укинување на провизијата за испораките, беше спроведена и по земјотресот што ја погоди Албанија во ноември минатата година, со цел да им се помогне на погодените во катастрофалните потреси.

„Ria Money Transfer“ е една од најголемите светски компании за брз трансфер на пари (уплата и исплата) која постои од 1987 година. Компанијата, во март ќе одбележува пет години работење во Македонија, на околу 120 локации низ државава, нудејќи најповолни услови за трансфер на пари.

Во глобални рамки соработниците на „Ria Money Transfer“ се застапени на приближно 400 илјади локации.