Фото: Пиксабеј

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,217 денaри за килограм и со тоа новата цена ќе биде 56,130 денари за килограм.

Со оваа најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти.