Фото: Пиксабеј

Корпоративните активности по оружениот конфликт во Украина варираат и вклучуваат мерки што се бараат со закон, а некои доброволни, со коментари – од остри осуди до помуерени ветувања за ревизија на бизнисот во земјата.

Енергетските компании предводени од „Бритиш петрол“, „Шел“ и „Ексон Мобил“ ветуваат дека ќе ги продадат акциите на Русија и ќе ја напуштат земјата. Меѓу многуте други, Асентур, со 2.300 вработени во Русија, соопшти дека ќе го прекине бизнисот, а „Мерцедес-Бенз Груп“ порача дека планира да го избрише својот удел во руски Камаз.

Боинг ја намали продажбата и поддршката за авиони, нагласувајќи дека ќе ги следи санкциите на САД. Правилата за извоз на Вашингтон беа променети за да се запре особено технологијата што може да се користи од војската, што влијаеше на широк дел од индустријата, како што е производителот на компјутери „Дел“, кој ја запре продажбата во Русија. Русија ги забрани западните авиокомпании од рускиот воздушен простор.

„Јунајтед парсел сервис“ и „Федекс“, две од најголемите светски логистички компании, ја прекинаа услугата за испорака во Русија и Украина.

Провајдерот на софтвер за резервации за патувања „Сејбр“ соопшти дека го раскинал договорот за дистрибуција со „Аерофлот“, што ја нарушува способноста на рускиот авиопревозник да продава билети.

„Ејч енд Ем“, автомобилски компании вклучувајќи ги „Џенерал моторс“ и „БМВ“, како и производителот на мотоцикли „Харли Дејвидсон“ се меѓу светските компании кои не продаваат. Повеќето не извезуваат стоки во Русија, што би било тешко со оглед на одлуките на бродските компании да се откажат од руската услуга. „Најк“ и „ИКЕА“, привремено ги затвораат своите продавници.

Спротивно на тоа, рестораните „Бургер Кинг“ и „Папа Џонс“ истакнаа дека нивните ресторани во Русија се во сопственост на локални бизниси.

– Немаме планови да бараме од независниот франшиза кој ги поседува и управува продавниците на Папа Џонс во Русија да ги затвори нивните продавници – рече производителот на пица.

„Форд“ ја прекина работата, но неговиот партнер за заедничко вложување се уште има фабрика во земјата. Многу други производители на автомобили, вклучително и францускиот „Рено“ и јапонската „Тојота“, објавија за затворање на локалното производство, некои забележувајќи недостаток на залихи.

Многу големи светски брендови користат ретко слушан корпоративен јазик кој јасно ја обвинува Русија за војната Украина.

Одлуката на нафтената компанија „Бритиш петрол“ да продаде од Русија по цена од дури 25 милијарди долари беше шок за индустријата која многу тесно соработуваше со Русија.

„Мекдоналдс“, кој има 847 ресторани во Русија, од кои 84 отсто се во сопственост на компанијата, не коментираше за своето работење.