Фото: Игор Бансколиев

Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на eкстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а eкстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар. Цените на бензините остануваат исти што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денари за килограм и сега ќе изнесува 59,299 денари за килограм.

Со ова, се врши намалување на намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката донесена на 14 март.