Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за намалување на цените на бензините за 3,5 денари и дизелот за 3 денари.

Намалување на горивата е најавено за вечерва од полноќ.

ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 3,5 денари, и вечерва од полноќ ќе се продава за 90 денари по литар.

ЕУРОСУПЕР 98 поевтинува за 2 денари, и ќе се продава по 92 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за три денари, и ќе изнесува 90 денари.

Цената на екстралесното масло се намалува за 3,5 денари и ќе чини 87,5 денари по литар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,557 денари и ќе изнесува 52,786 денари по килограм.

Со Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80 проценти во однос на одлуката од 5-ти месецов.

Од РКЕ укажуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569 проценти, кај дизелот за 2,117 проценти, кај екстра лесното масло за 2,960 процрнти и кај мазутот за 1,402 проценти

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,117 проценти.