Oфшор-компаниите во Европа и во светот

199

Офшор-компаниите не се нелегални или непроѕирни, како што понекогаш се добива впечаток во одредени написи, повеќето офшор-фирми имаат вистинска економска активност или се специјално дизајнирани за да се олеснат меѓународните инвестиции. Во таа насока неопходно е да се разбијат стереотипите и на офшор-компаниите да се гледа како на поттикнувачи на економијата и на инвестициите

Панама, Бермуда, Сејшелски и Кајмански Oстрови, Кипар и други локации, освен што се познати туристички дестинации, препознатливи се и како даночни оази. Покрај природната убавина, овие рајски дестинации нудат и загарантирана банкарска тајна за парите и ниска даночна стапка. Во дел од овие земји не се наплатува ни данок на доход, на дивиденда или на капитални добивки. Поради ова се примамливи за отворање компании кои ги потикуваат ин­ве­стиициите и позитивно влијаат на економскиот раст и развој.
Најновите истражувања покажуваат дека некои европски држави исто така се дел од даночните оази, поточно дека служат како врска меѓу европските компании и земјите каде што најмногу се регистрираат офшор-компaнии.
Истражување спроведено во Холандија, утврдило дека земјата е водечка европска држава, која се поврзува со офшор-дестинациите. Било утврдено дека Холандија е таканаречена канал-држава, односно претставува врска меѓу европските компании и даночните раеви.

– Пет големи земји функционираат како канали и тие пет земји пренесуваат дури 47 проценти од корпоративни офшор-фирми во даночните раеви, покажуваат податоците. Двата најголеми канала се Холандија (23 отсто) и Обединетото Кралство (14 отсто), потоа Швајцарија (6 отсто), Сингапур (2 отсто) и Ирска (1 отсто) – наведуваат истражувачите од специјализираната единица на Универзитетот во Амстердам.
Истражувачите истакнале дека повеќето од даночните раеви биле очекувани, но Тајван бил изненадувачки учесник. Земјите што се добро познати како даночни оази нудат ниски или воопшто не наплаќаат даноци за остварениот профит на компаниите. Наедно се нуди и лесен пристап до банките, а процедурите за формирање компанија се многу едноставни. Меѓу десетте најпребарувани земји што важат за примамливи за отворање офшор-компании се Бахамите, каде што меѓу даночни предности што се нудат, покрај доверливоста за инвеститорите, е и тоа што компанијата е ослободена од сите локални даноци и може да биде формирана само со еден директор и со еден акционер.

Популарна офшор-дестинација е и Белизе, каде што нема корпоративен данок на приход, компаниите се ослободени од таксената марка, данокот на капитални добивки и данокот на задржување на дивидендите. На слично рамниште се и Британските Девствени Острови и Кајманските Острови, нема данок на добивка, нема даноци за задржување и нема данок на капитални добивки.

Најновите истражувања покажуваат дека некои европски држави исто така се дел од даночните прибежишта, поточно дека служат како врска меѓу европските компании и земјите каде што најмногу се регистрираат офшор-компaнии. Целта на овие компании е „добивката да се пријави на територијата каде што има ниски или каде што нема даноци“, што им овозможува да ја зголемат профитабилноста, но и инвестициите и економскиот раст

Кипар исто така е омилена дестинација за основање офшор-компанија во Европа. Нејзината географска положба е најзначајнa предност, на инвеститорите им овозможува пристап до европските, африканските и азиските пазари. Кипар ги почитува правилата и регулативите на ЕУ, но има една од најниските стапки на данок на добивка во Унијатa. Сето ова покажува дека и во Европа и во земјите членки на ЕУ е увидена полезноста од офшор-компаниите како потикнувачи на инвестициите и економскиот раст. Со тоа се разбиваат и стереотипите и лажни ин­фо­р­мации поврзани со делувањето на офшор-компаниите.

Во Доминиканска Република, нема контрола на размената и нема локални даноци за компаниите, вклучувајќи и таксена марка. Меѓу даночните раеви е и Хонгконг, еден од најдобрите финансиски центри во светот, кој нуди стабилен и ефикасен банкарски систем и меѓународна деловна клима. Иако не станува збор за класичен даночен рај, сепак има ниска стапка на данок на добивка и потпиша голем број договори за двојно оданочување.

Панама е утврдено даночно засолниште, а бидејќи работат со американскиот долар, тоа се смета за предност за инвеститорите од САД. Ниту во Сејшели не се наплаќа данок на добивка, данок на подарок или данок на додадена вредност.

Сингапур се натпреварува со Хонгконг како број еден финансиски центар во Азија. Како град-држава нуди многу поволни услови за водење бизнис, како ниската стапка на данок на добивка и едноставни деловни политики.

– Офшор-компанија може да се реализира преку специјализирани фирми, од кои некои се со меѓународна слава, и преку Интернет. Не е забрането да имаш сметка во странство. Важно е да се знае каква е вистинската активност зад овие сметки, какво е потеклото на финансиските текови – објаснува Ерик Верние, аналитичар во Институтот за меѓународни односи.

Целта на овие компании е „добивката да се пријави на територијата каде што има ниски или каде што нема даноци“, што им овозможува на фирмите да ја зголемат профитабилноста, но истовремено тоа влиае на зголемување на инвестициите и позитивно се одразува врз економијата и растот. Поради ова компаниите се создаваат главно во земјите каде што даночниот систем е исклучително поволен.

Компаниите што создаваат офшор-компании може да се раководени и од стремежот „да се искористи регулативата што им овозможува во странство да го прават она што не можат дома“. Доста често „офшор-компанија се регистрира во јурисдикции со посебни закони.

Офшор-компаниите не се нелегални или непроѕирни, како што понекогаш се добива впечаток во одредени написи, повеќето офшор-фирми имаат вистинска економска активност или се специјално дизајнирани за да се олеснат, односно по­т­т­и­кнат меѓународните инвестиции.Со самото тоа бенефитот од Офшор-компаниите врз инве­ст­иц­иите и економијата е по­ве­ќекратен. Е.Р.


Намалени даноци во САД

Мултинационалните компании од САД се подготвуваат да платат стотици милијарди долари во данок на добивката што ја оствариле во странство во последните 30 години. Со новите американски даночни правила фирмите повеќе не можат да избегнат данок на меѓународни профити со тоа што ќе ги задржат парите надвор од САД.
До скоро законот им дозволуваше на компаниите да го одложат плаќањето на даноците за заработка направена во странство. Имено, според старата регулатива, американските компании беа обврзани да плаќаат даноци за нивните профити остварени во странство со стапка од 35 проценти. Но законот им овозможуваше на компаниите на неодредено време да ги одложат даноците за добивката остварена во странство, односно додека добиваат профит во странство. Тоа било поттик за компаниите да отвораат подружници во странство, каде што има ниски даночни стапки.
Сепак, за да ги мотивираат големите компании да ги внесат парите во САД, новите власти предвидоа даночните олеснувања за враќање на офшор-профитот. Според сегашните одредби, целата заработка направена во странство ќе може да се врати во САД со намалени даноци, и притоа да се исплаќа на рати во текот на неколку години.
Според Си-ен-ен, мултинационалните компании треба да платат стотици милијарди долари данок на добивка што ја остварија во странство во последните 30 години. Во согласност со новите американски даночни правила, фирмите мораат да платат данок на меѓународни профити без разлика дали ја носат готовината назад во САД. Новите правила бараат од американските компании да платат данок од 8 до 15,5 отсто на средства заработени во странство од 1987 година. Конгресот очекува овој еднократен трошок да донесе околу 339 милијарди долари во текот на следните 10 години.