„Вип“ преку партнерството со компанијата Нови Системи го воведува „Novobox Cloud“ на македонскот пазар, ексклузивно за своите корисници. Со „Novobox Cloud“ решението, корисниците добиваат можност за складирање и организирање на податоци од типот на документи, фотографии, видеа и слична содржина во “облак”.  

Со „Novobox Cloud“ корисниците можат да ги синхронизираат своите видеа и фотогалерии меѓу сите паметни уреди што ги употребуваат односно, мобилен телефон, таблет или лаптоп, користејќи ги мобилните или веб апликацијата на „Novobox“.

Пристапот до фајловите е овозможен преку веб платформа, Android, iOS и Windows PC, преку што се овозможува  преглед, синхронизација, споделување и организирање на истите, и тоа, се под контрола на корисникот. Пристапот е овозможен од секое место во секое време.

Поврзувањето до „Novobox Cloud“ e преку веб-страницата „Новобокс“ преку било кој пребарувач, a плаќањето за користење на услугата може да се изврши со картичка или ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Vip постпејд и припејд мобилната телефонија.

За повеќе детали за Vip Neo посетете ја веб страницата на „Вип“ .