Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 отсто во однос на одлуката од 11 мај годинава.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,154 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,694 денари, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) не се менуваат.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,5 денари за литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,5 денари, дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 87,00 денари, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари/литар и Мазут М-1 НС ќе чини 52,694 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,133 проценти, кај дизелот има намалување за 0,701 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,721 проценти и кај мазутот има намалување за 0,533 отсто, соопшти РКЕ.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 проценти.

Од Комисијата напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од вечерва по полноќ и посочуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.