фото: Маја Јаневска-Илиева

Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска и овој викенд и во текот на целата грејна сезона со соодветна температура, соопшти на социјалните мрежи претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.

„Како што најавив, Владата ги активира сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владини претставници детаљно ќе информираат за решението на прес-конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“, нагласува Ковачевски во својата објава на Фејсбук.