Брзата реакција на Владата и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да спречиме ценовен шок за граѓаните, напиша на социјалните мрежи лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски.
– Покачувањето на цената на електричната енергија в година ќе биде 9,48 % што е далеку под првичните прогнози од над 25 % – пишува Ковачевски.
Потсетува дека се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, како и таа во недела, а рестрикции нема да има. Владата, вели тој, дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2022 година.