Фото: Пиксабеј

Кинеските инвестиции годинава се фокусирани на нови проекти, посебно во производството на батерии и електричната мобилност, покажуваат резултатите од студијата на американската истражувачка група „Родиум“ и германскиот институт „Мерсис“.

Минатата година кинеските инвестиции во Европа се зголемија за една третина, на 10,6 милијарди евра, додека во 2020, првата година од пандемијата, тие беа на најниско ниво од 2013 година.

Заедно со Холандија, во 2021 година Кинезите најмногу инвестирале во Германија, Велика Британија и Франција.

Во студијата се посочува дека кинеските компании сега сакаат д а градат свои фабрики во Европа, особено во секторите за кои сметаат дека имаат конкурентна предност, како што се производството на батерии и развојот на електричната мобилност.