За сите оние кои се во процес на купување на ново возило и при тоа го замислуваат својот омилен Opel автомобил, на прашањето – Дали вистински можеме веднаш да го преземеме и да не чекаме со месеци за испорака, одговорот е ДА!

Од компанијата Еуроимпекс, Генерален увозник за Opel и нивната дилерска мрежа низ Македонија, добивме информација дека моделите Opel Corsa, Opel Crossland и популарната Opel Mokka се достапни со испорака веднаш!

„Во соработка со Шпаркасе Лизинг е изготвена посебна понуда која се однесува за возила од лагер, а со цел да излеземе во пресрет на нашите потенцијални клиенти, обезбедивме фиксна каматна стапка од 3,99% и дополнително на тоа трошокот за каско осигурување за овие клиенти е намален за 50%“ – велат од Еуроимпекс.

Звучи примамливо зар не?

Бидете дел од германската иновација и уживајте во возењето со најновите технолошки системи за помош при возење.
Доколку сте подготвени за следниот, смел чекор напред со Opel посетете го ЛИНКОТ.

(Комерцијална објава)