ЕСМ го презема работењето на БЕГ и на Топлифкација Скопје Север, што се предвидува со кризната состојба на пазарот со топлинска енергија која ја прогласи Владата во времетраење од 30 дена. Владата преку ЕСМ ќе управува со БЕГ до крај на грејната сезона.

Преземањето прво треба да помине на Влада, а се очекува да се случи утре.

На владината седница во понеделникот донесена е и одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Со оваа одлука, донесена на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.