Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 % во однос на одлуката од 20 декември.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е В) се намалува за 0,5 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,36 денари за килограм.

Од 28 декември, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 73,5 денари за литар,

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 75,5 денари за литар,

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е В) 64 денари за литар,

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64 денари за литар,

Мазут М-1 НС 39,360 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238%, кај дизелот за 0,08% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,112% и кај мазутот намалувањето е за 1,447%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154% .