Фото: Влада

Тој вели и дека нема да поскапи колку што најавува опозицијата

Годината што изминува е година во која го започнавме опоравувањето, но за жал изгубивме и одредени можности поради глобалните кризи. Можевме многу повеќе, можеше економијата да продуцира многу повеќе, но се случија надворешни фактори на кои не можевме да влијаеме, вели вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во предновогодишното интервју за МИА.
Во интервјуто, вицепремиерот гарантира дека нема да има рестрикции и струјата нема да поскапи како што најавува опозицијата. За ранливите категории ќе има ваучери за енергетски додаток.

-Знам сигурно една работа што ќе се случи, а тоа е дека за граѓаните ќе обезбедиме доволно електрична енергија, не само во јануари, туку и понатаму, што значи дека потребите за електрична енергија нема да се загрозат. Тоа значи дека нема да има рестрикции. Тоа можам да го гарантирам – вели Битиќи.