Фото: Игор Бансколиев / Илустрација

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил информираше дека е доставен предлог до Владата, мерката за замрзнување цените на основните прехранбени производи да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.

– Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година – напиша министерот на Фејсбук.

Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи на како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.