Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил потсетува дека од денеска данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нул апроценти.

Како што наведува Бектеши, ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2; 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

-Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите- наведува Бектеши.