фото: Фејсбук

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес-конференција изјави дека ќе обезбедат помош за плаќање на сметките за електрична енергија на лица чии месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа за самец до мималец, за 2 члена до 18.000, до 3 члена до 21.000 и за 4 члена до 25.000 денари и за 5 члена и повеќе до 30.000 денари.

Помошта ќе биде во износ од 600 до 800 денари месечно. На располагање се 60 милиони денари, кои се наменети за оваа категорија на граѓани.

– Се проценува дека над 7.500 домаќинства ќе го остварат правото на финансиска поддршка – вели Бектеши.

Тој истакна дека имаат обезбедени доволни количини јаглен за ТЕЦ Осмолеј и РЕК Битола и дека рестрикции на струја нема да има во земјава.