Даниел Јаневски

Грижата за здравјето и справувањето со болеста е комплексен процес, кој не почнува или завршува меѓу лекарот и пациентот. Исклучително важен во оваа комуникација е и
фармацевтот. Него го препознаваме како лицето кое го издава пропишаниот лек во аптеката, но фармацевтот е специјалист кој има знаење за лековите, неговите особини и контраиндикации и може да помогне да се одбере соодветната терапија за болниот. Велат дека еден фармацевт поседува знаење за неколку стотици лекови.

Фармацевтите и фармацевтските техничари имаа незаменлива улога и во битката на
здравствениот систем со пандемијата со Ковид 19 во изминатите две години. Застанаа со останатите здравствени работници во првите редови со цел да се помогне на секој пациент што ќе побара поддршка, и во директна комуникација со пациентите да споделат совет и препорака за потребниот лек. Впрочем тие се дел од штитот што може да му помогне на пациентот да ги препознае симптомите и да го советува да посети лекар.

Иако во македонскиот здравствен систем фармацевтот не може да пропишува лекови, како што е тоа случај во САД или некои европски држави, сепак може да помогне да го направите вистинскиот избор кога избирате лек. Големите фармацевтски компании значајно внимание посветуваат и на лекарите и на фармацевтите да ги запознаат со лековите, како и ОТЦ лековите кои се издаваат без рецепт, а се одобрени од надлежните институции на македонскиот пазар.

Директорот на „Галеника Македонија“ м-р фарм. Даниел Јаневски нагласува дека комуникацијата меѓу потрошувачот или пациентот со фармацевтот е особено важна за
запознавање со особините на лековите, начинот на кој делуваат, употребата, независно дали е лек или ОТЦ производ кој се издава без рецепт.

– За потрошувачот на македонскиот пазар Галеника нуди загарантиран квалитет на производите. Во понудата имаме лекови на рецепт, лекови без рецепт (ОТЦ), козметички производи и додатоци во исхраната. Тоа се производи креирани согласно современите барања на потрошувачите и пациентите затоа што „Галеника“, како стабилен партнер на заедницата, носи иновации во својата понуда, но за таа да стигне до потрошувачите особено важна е и фармацевтската експертиза кога се издава лекот или производот. Ние стоиме зад 77 години традиција и квалитет за секој потрошувач – вели директорот на „Галеника Македонија“ м-р фарм. Даниел Јаневски.

Изборот за тоа кој лек ќе го користи потрошувачот на македонскиот пазар е одлука на самиот потрошувач. Односно, лекарот го пропишува лекот со генерички назив, а потоа во аптеката потрошувачот може да се информира од кои производители е достапен тој лек, и во комуникација со фармацевтот да се запознае со особините на лекот и да го направи најдобриот избор.

Според Јаневски, потрошувачот секогаш треба да се потпре на квалитетот и традицијата што се препознатливи не само на македонскиот пазар, туку и пошироко во регионот и во Европа, независно дали изборот е за лек на рецепт, лек без рецепт (ОТЦ), козметички производ и додаток во исхраната.

Фармацевтот во аптека треба да одговори на прашањата на потрошувачот за пропишаните лекови, а тоа се прашања и за можните несакани реакции и интеракции со други лекови или нарушувања. Но, и потрошувачот треба да одговори на прашањата на фармацевтот за неговата здравствена состојба за да може да им го препорача најдоброто.

Фармацевтот може да помогне и кога потрошувачот бара ОТЦ производ или козметика, поради знаењето и можноста да го запознае со особините на производот, начинот на кој делува, можни несаканите ефекти или употребата.

Потрошувачите не треба да ја напуштат аптеката, ако се уште имаат нејаснотии околу користењето на лекот, начинот на кој се зема лекот или дали треба да се избегнува некоја храна кога го земаат лекот. Некои антибиотици не треба да се пијат со млечни производи, а има лекови со кои треба да се избегнуваат цитрусните овошја. Кога лекот треба да се пие пред оброк, а кога после се информации за кои фармацевтот треба да ве информира кога го дава лекот. Сето тоа е дел од неговата работа и грижата за здравјето што треба фармацевтите да ја обезбедат за потрошувачот. Фармацевтот и фармацевтскиот техничар со нивното знаење и искуство се секогаш достапни за помагање во обезбедувањете на подобар квалитет на живот на пациентите.

Комерцијална објава