Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка Македонија се меѓу институциите што го финансираат „Богословец“. Ветерниот парк е предвидено да биде завршен во 2023 година. Државата има поставена цел за 50 отсто да го подигне својот национален капацитет за обновливи извори на енергија до 2024 година.

За првиот приватен проект за ветерници во Македонија, „Богословец“, кој ќе има вкупен капацитет од 36 MW, се предвидува финансирање во вкупна вредност од 51 милиони евра. Дејствувајќи како единствен овластен организатор, поголем заемодавател и застапник, Ерсте Групацијата ја организираше и ја структурираше трансакцијата и ги покани локалните банки, вклучително и Шпаркасе Банка Македонија, да бидат меѓу институциите што обезбедуваат финансирање со рок на доспевање од 17 години.

– За Шпаркасе Банка Македонија претставува голема привилегија што заедно со Ерсте Групацијата го развивме овој проект и учествуваме во финансирањето на првиот приватен парк на ветерници во Република Северна Македонија. Верувам дека во иднина ќе има голем број проекти во сферата на зелена и чиста енергија што ќе ги поддржиме – изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.