210 години на „Пежо“ исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

42

„Пежо“ – Бренд кој зад себе носи 210 години!

Години на иновација, на постојано надминување на просекот за постигнување на максимумот, секогаш во чекор со иднината и во тек со најновите побарувања на современиот клиент.

Низ годините тимот на Peugeot неуморно работеше на постојан раст на брендот. Peugeot се докажа како традиционалист, иноватор, како креативно и уникатно дизајнерско решение, како првенец во воведување на новитети, како современ реалист кој е по мерка и за најпребирливите потрошувачи. Бренд кој во своето работење се потпира на два главни постулати: емоција и движење!

Денес, Peugeot се издвојува со својата неуморност во воведување на иновативни решенија и креирање на уникатен дизајн и 100% електрични верзии за секој модел во гамата. При тоа произведувајќи 100% еколошки возила, практични, економски безбедни, со значително повисоко ниво на уживање на корисникот. На 26-ти септември 1810 година, компанијата PEUGEOT Frères Aînés беше официјално основана од страна на „контрибутор со готовина“, запишан во Централен регистар, што сè уште се наоѓа во архивите Тере-Бланш. (Terre-Blanche), Дубс (Doubs).

Повеќе од два века, фамилијата Peugeot е присутна во модната револуција почнувајќи од 19 век, со воведување на челичната жица во кринолинските здолништа, А потоа ја покренува ревозлуцијата за мобилност со велосипеди и автомобили.

Со фокус на истражување и развој, Peugeot секогаш се прилагодувал на временските промени, стилови и потреби од страна на клиентите и на тој начин постојано бил чекор напред.

Peugeot е Бренд изграден од страна на креативни луѓе, инженери, дизајнери, кои со векови ги „предизвикуваат“ нормите, со цел да креираат и осмислат нови стандарди на возење и управување.

Благодарение на оваа алијанса на слободоумни мажи и жени, Peugeot никогаш не престана да се надградува како Бренд и продолжи да прераснува во стабилен и моќен идентитет низ годините.

Затоа денес овој Бренд слави цели 210 години на градење успешна приказна! За да ја прослави својата богата историја, тим од Peugeot Design Lab дизајнираше лого за одбележување на 210-годишнината од постоење. Лого кое е креација на беспрекорните умови на тимот. Лавот, е прикажан странично во логото подвлечено со стрела. Станува збор за најстарото постоечко лого на Брендот (регистрирано во 1858 година) кое симболизира три квалитети прикажани од самиот почеток: флексибилност, моќ и издржливост и брзина. Стрелата го симболизира терминот брзина.

Насловот „210 години“ се однесува на историјата на брендот, но и на следните 210 години што доаѓаат. Подвлечени се црно-белите бои на логото кои упатуваат на умереност и економичност, мантрата на Peugeot. Кругот околу Лавот го истакнува логото како амблем, на кој секој ќе биде горд да го користи како свој.

Повеќе од 2 века подоцна – Peugeot фамилијата се уште расте повеќе од било кога. Тоа се 210 години поминати во „кршење на правилата“. 210 години следење на мудрите
зборови на Armand: “Si nous sommes assez hardis et habiles, nous ferons de Peugeot l’une des plus grandes affaires industrielles de France.”

„Ако сме доволно паметни и силни, од Peugeot ќе создадеме еден од најголемите бизниси во индустријата на Франција“ Очигледно и биле доволно смели. Доволно смели, за дури и да се прошират на светски рамки.

И запомнете ова, е само почеток!