Француските железничари денеска одржуваат штрајк против реформите на операторот СНЦФ, додека француската Влада е одлучна и покрај штрајкот, да ги спроведе реформите до крај.

Иако многу возови денеска останаа на станиците, францускиот премиер Едуар Филип истакна дека „сите треба да знаат дека Владата е одлучна да оди до крај“.

Железничарите протестираат поради најавената реформа на СНЦФ, кој поради финансиски проблеми треба да премине во акционерско друштво, што противниците на реформите го сметаат за прв чекор кон приватизација.

Реорганизацијата внатре во железницата и крај за привилегираниот статус на некои вработени, се дел од реформите кои ги вети францускиот претседател Емануел Макрон.