Службите на француските железници се десеткувани денеска, на првиот ден од штрјаковите кои би можеле да потрајат и три месеца и да станат тежок испит за реформите кои претседателот Емануел Макрон сака да ги спроведе во насока на модернизација на француската економија.

Четири водечки синдикати свикаа дводневен штрајк, а планираат да ги одржуваат на секои пет дена во следните три месеца.

На овој начин синдикатите се борат против реструктуирање на монополистичката национална железница на Франција(СНЦФ), која, според владиниот план, би требало да се реформира и да стане конкурентна во согласност со законите на Европската унија(ЕУ).

Последниот таков штрајк во 1995 година ја парализирал Франција и го принуди тогашниот премиер Алан Жипе да се откаже од реформите, заради што подоцна мораше да поднесе оставка.